Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани во Република Северна Македонија, денес реализираше посета на Командата за обука и доктрини (КОД) во Кампот за обука на вода во Охрид на која остварија состанок со началникот на штаб во КОД, полковник Гоце Филипоски.
За време на посетата, која е дел од програмата за соработка на Армијата со АОА, преку кратка презентација подетално беа прикажани мисијата, задачите, историјата, организациско-формациската структура, опремата, капацитетите на единицата, активностите, како и идните планови на единицата.
По одржаната презентација беше реализирана обиколка и запознавање со Кампот за обука на вода, кој е во составот на Центарот за поддршка на обуката. Оваа посета дополнително го зацврсти партнерството помеѓу армиите и ја истакна посветеноста во зајакнување на меѓуармиската соработка.