Делегација од воени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија, денес на ден 29.05.2019 година ја посетија Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес. Истите беа срдечно пречекани и им беше укажано пријатно гостопримство од страна на командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски.
За време на посетата воените аташеи имаа можност преку кратка презентација подетално да се запознаат со КОД, со мисија на единицата, организациско-формациската структура, задачите, активностите, како и со предизвиците и идните планови на единицата. После презентацијата дел од гостите добија одговори на неколку прашања, за кои беа заинтересирани, а се однесуваа на сегашните и идните активности и заложби на единицата.
Од касарната во Велес, делегацијата заедно со командантот на КОД се упати во општина Велес, каде беше реализирана протоколарна средба со градоначалникот на општина Велес и запознавање со општината.
Следна, согласно протоколот беше посетата на центарот за обука на питомци во Скопје, како дел од КОД, каде делегацијата беше брифирана за активностите на оваа единица.
Обиколката од воените аташеи е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во земјава.
З/Д