На ден 12.01.2026 година во Центарот за обука и дресура на кучиња (ЦОДК) во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје се одржа свечен прием на должност Командант на Центарот за обука и дресура на кучиња. На свеченоста присуствуваа Командантот на Команда за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Лулзим Нуредини како и командантите и началниците на првопотчинетите команди и единици на КОД.
За време на свеченоста командантот на КОД, бригаден генерал Лулзим Нуредини одржа пригоден говор каде што упати искрени честитки на новиот командант посакувајќи му успешна работа бидејќи оваа позиција е одговорна за целокупното функционирање организација и раководење на Центарот. Во рамките на своите надлежности Центарот соработува со други организациски единици и институции. Тој ја планира, координира и контролира реализацијата на процесите за селекција, обука и дресура на службените кучиња како и стручното оспособување на персоналот и водичите на кучињата.
Поранешниот командант, потполковник Горан Николовски кој замина во пензија изрази голема благодарност за соработката со припадниците на ЦОДК и КОД и упати топли честитки до новопоставениот командант, мајор Нади Бајрами, кој од денес официјално ја презема одговорноста за функционирањето на ЦОДК. Тој му порача дека познавајќи го како долгогодишен колега е убедена дека како командант целосно ќе ја извршува својата улога на најдобар можен начин.
Новопоставениот командант, мајор Нади Бајрами се заблагодари на довербата која му е укажана и не увери дека со посветеност и напорна работа целите на Центарот за дресура на кучиња ќе бидат остварени воедно упати убави честитки за соработка кон сите присутни.








