Во касарната „Гоце Делчев“, во Скопје се одржа свеченост по повод примопредавање на должност командант на Центарот за обука на питомци (ЦОП), во Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста командант на ЦОП од потполковник Неџати Голак ја прими потполковник Горан Шутевски. Во текот на воената кариера потполковникот Горан Шутевски има извршувано повеќе командни и штабни должности, а досега ја извршувал должноста началник на одделение за операции за планирање во Центарот за симулации, КОД.
Командантот на КОД, полковник Васко Коколански, во своето обраќање пред присутните му упати искрени честитки за досегашното раководење со единицата на потполковникот Неџати Голак, за придонесот во градењето на капацитетите на ЦОП и за градењето на колективот како и за напорното вложување за едукација на идните офицери на Армијата. На новиот командант му посака успех во реализацијата на поставените цели и му порача да биде лидер кој посветено, стрпливо, критички и креативно ќе пристапува кон надминување на сите предизвици.
Во своето обраќање досегашниот командант на ЦОП се заблагодари на доделената доверба за извршување на должноста, а воедно се заблагодари на целокупниот персонал за несебичното залагање во градење и унапредување на животот и работата на единицата, а кој преставува долготраен процес исполнет со многубројни предизвици.
Потполковникот Горан Шутевски во својот говор се заблагодари за довербата која му е укажана за поставувањето на должноста командант на ЦОП и истакна дека ќе го употреби своето богато искуство за да оваа единица продолжи по својот зацртан пат, со цел постигнување на уште подобри резултати во иднина.
На крајот од свеченоста, се изврши и церемонијално примопредавање на военото знаме помеѓу стариот и новиот командант на Центарот за обука на питомци.
Г/С