Во Центарот за индивидуална обука од составот на Командата за обука и доктрини се реализираше свечен почеток на Борбено штабен курс за подофицери.
На свеченоста командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, на присутните слушатели на курсот им посака успешна работа во текот на реализација на курсот, а исто така им посочи целосно и темелно да се ангажираат во процесот на обуката, за на крајот на активноста да си заминат збогатени со нови знаења кои ќе имаат можност да ги имплементираат на новите должности во единиците на Армијата.
Наставата на Борбено штабениот курс за подофицери ќе се реализира во период од 14.01.2020 година до 12.02.2020 година, во која слушателите ќе имаат можност се стекнат со знаења за функционалните должности и одговорности на штабните подофицери и улогата на подофицерите во процесот на донесување на воена одлука.