Во период од 24 до 26.09.2025 година успешно се реализираше курсот за фреквентен менаџмент кој се одржа во просториите за обука во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес. На курсот учествуваа десет слушатели, а обуката беше спроведена од страна на припадници на Командата за обука и доктрини.
Целта на курсот е обука на персоналот од родот врски во командите и единиците на Армијата да се обучат во правилно користење и менаџирање со доделените фреквенции и истите да се сертифицираат за фреквентно менаџирање на радио спектарот кој што ќе им биде доделен за употреба и користење за време на извршување на мировни операции, а во согласност со НАТО стандардите и за работа во НАТО средини.
Со реализација на курсот слушателите ќе се обучат и оспособат за правилно менаџирање, употреба и користење на доделените фреквенции во радио спектарот, а воедно и да се обучат во правилно користење на планот за намена на радиофреквенциските опсези во Република Северна Македонија како и планот за доделување и користење на радиофреквенциите.
По реализирање на курсот, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини на слушателите им додели сертификати за успешно завршување на курсот, порачувајќи им темелно да се ангажираат во процесот на работата и извршување на работните обврски, но сега збогатени со нови знаења кои ќе имаат можност да ги имплементираат на нивните должности во единиците на Армијата.