Со свечено постројување во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес започна реализацијата на основната воена обука на првата група од оваа календарска година од основниот курс за подофицери која ја сочинуваат 120 слушатели меѓу кои 4 жени припадници од различни единици на Армијата.
На свеченоста присуствуваше заменикот на Командата за обука и доктрини полковникот Лулзим Нуредин каде им посака целосно и посветено ангажирање како и максимално вложен труд при реализација на предвидените активности кои следат во текот на обуката при што ќе им помогне да се изградат како високо мотивирани и физички подготвени подофицери на Армијата.
Низ процесот на обуката на курсот слушателите ќе имаат можност да се запознаат и оспособат за изведување на борбени задачи почитувајќи ги стандардните оперативни процедури што се од суштинско значење за успешно извршување на мисијата. Воедно ќе се запознаат со системот за управување со процесот на обуката и со лидерството како основен елемент на борбената моќ на Армијата.
Како дел од процесот на континуирана едукација и имплементирање на програмата за професионален развој на професионалните војници овој курс повторно ќе се произведе нови искусни старешини – подофицери.
Овој основен курс за подофицери е дизајниран и развиен според утврдените стандарди за школување на кадрите од овој тип на земји членки на НАТО. Концептот за професионален развој на професионалните војници во Армијата ги дефинира како ново оспособени подофицери воедно и компетентни инструктори со развиени лидерски карактеристики, оспособени за успешно да ги водат своите потчинети во извршување на мисијата.
В/Ц