Во периодот од 06-10 октомври 2025 година претставник од (ЦСЈ), во состав на Командата за обука и доктрини (КОД), ЦЛ Наташа Андонова-Јовановска, учествуваше како предавач на работилница „Прилагоден семинар за јазични стандарди и оценување за Ерменија – запознавање на професори по странски јазици со СТАНАГ 6001 на НАТО“. Оваа работилница е дел од Програмата на НАТО за подобрување на образованието во одбраната за Ерменија (NATO Defense Education Enhancement Programme (DEEP) – Armenia). Таа ги одржа предавањата со претставник од тимот за тестирање од вооружените сили на Шпанија. Работилницата се одржа во Воената академија „Вазген Саргсјан“ во Ереван, Ерменија.
Целта на оваа работилница „Прилагоден семинар за јазични стандарди и оценување за Ерменија – запознавање на професори по странски јазици со СТАНАГ 6001 на НАТО“ е претставување на јазичните стандарди според СТАНАГ 6001 на НАТО и нивна примена во јазичната обука. Дополнително, слушателите имаа можност да се запознаат со начини на прилагодување на наставата и наставните материјали на јазичните стандарди за три нивоа од СТАНАГ 6001 на НАТО и почеток на примена на тие јазични стандарди во вооружените сили на Ерменија. На работилницата учествуваа десет професори по странски јазици од Центарот за странски јазици што е во рамките на Воената Академија „Вазген Саргсјан“ во Ереван, Ерменија.