Во периодот од 27.01 до 09.02.2016 година успешно се реализираше практична настава-стажирање со питомците од 4-та година од Центарот за обука на питомци. Питомците беа распоредени во гарнизоните Куманово, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп и Скопје каде во составот на единиците на АРМ го реализираа стажирањето по родови.
Целта на стажирањето е запознавање на питомците со практичната работа на соодветните должности (командир на вод) во единиците на АРМ и воедно да се подготват за практичното извршување на должностите за кои се подготвуваат.
Практичната настава-стажирање има значајна улога во оспособувањето на питомците за конкретните должности во единиците на АРМ. Се реализира како применета форма на реализација на програмата на школување, согласно системот на основното воено школување на питомците. Тоа претставува и прв чекор во практичната обука за извршување на формациската должност која ќе ја извршуваат по завршување на Воената Академија.
За време на стажирањето питомците успешно ги совладаа дадените задачи во единиците, се запознаа со средствата со кој располага АРМ и практично ги покажаа стекнатите знаења во процесот на обука.