На армискиот полигон „Криволак“ заврши уште едно стационарно логорување на питомците од I и II наставна група од Центарот за обука на питомци. За време на логорувањето беше реализирана општа воена обука како и повеќе видови на гаѓања со лично вооружување согласно со Годишниот план календар за обука.
Целите на обуката беа постигнати во целост: питомците ги усовршија тактиките, техниките и процедурите на ниво на одделение и вод при изведување на офанзивни и дефанзивни борбени дејства, движење по непознато земјиште, а стекнаа и со практично искуство за живот, работа и дејство на секакви теренски услови.
За време на логорувањето се реализираа гаѓања со автоматска пушка 7.62мм, пушкомитралез 7.62мм, полуавтоматска снајперска пушка 7.9мм и рачен ракетен фрлач (со вметната цевка) 64мм. Питомците од прва наставна група на ден 26.06.2015 година успешно изведоа и командирско гаѓање со пешадиско одделение во офанзивни борбени дејства кое преставуваше круна на нивното логорување.
Покрај директно стекнатите знаења и вештини, стацинарното логорување помогна и за градење на лидерските способности на питомците, како и развивање на воениот колектив и патриотизам. За високото ниво на моралот во центарот за обука на питомци говори и фактот дека питомците од 1 година компонираа своја песна согласно логото на единицата.