Денес традиционално се одржа годишната анализа на цивилно – воената соработка на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.
Командантот на 4.мпб по приемот на присутните на годишната анализа ги изнесе клучните активности кои заедно со цивилните структури се организирани и реализирани во текот на изминатата 2016 година во зоната на одговорност на единицата.
На годишната анализа се констатираше дека соработката во изминатата година беше плодна и сеопфатна на сите сфери на соработка, а во наредниот период соработката со цивилните структури и понатаму ќе ја продлабочуваме и ќе продолжиме со поголем интензитет, со цел афирмација на Армијата на Република Македонија, односно АРМ секогаш да остане блиску до граѓаните на Република Македонија.
На денешната активност присуствуваа Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантите на командите и единиците на АРМ, претставници од државната власт, локалната самоуправа, привaтните претпријатија, невладини и хуманитарни организации и здруженија од зоната на одговорност со кои единицата има постојана соработка.