Во Здружената оперативна команда (ЗОК), согласно одобрената Спецификација и Планот за вежбата „Одлучен удар“ се реализираа разговори по завршената активност „Post exercise discussion – PXD“.
Разговорите се реализираа во Командата на ЗОК и на истата, покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски присуствуваа и Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, началници на секции во ЗОК, команданти на потчинетите единици, команданти на единиците ангажирани на вежбата и претставници од Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Во текот на активноста учесниците ги доставија нивните видувања кон подготовката и реализацијата на вежбата.
Активноста се реализира со цел целосна реализација на Планот за вежбата и изработка на финалното известување за вежбата „Одлучен удар“.
ЧС/БН