На ден 29.05.2025 година, беше реализирана посета од страна на делегација од Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) од повеќе земји акредитирани во Република Северна Македонија на 1. пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр). Делегацијата беше пречекана од страна на командантот на 1.пб, потполковник Зоранче Ристевски и претставниците од штабот и командата на 1.пб.
За време на посетата беше реализиран брифинг за организациско – формациската структура, задачите, активностите, како и за предизвиците и плановите за наредниот период на единицата.
За време на посетата на полигонот за обука во касарната ,,Чеде Филиповски – Даме“ на делегацијата ѝ беше презентирана дел од редовната обука на припадниците на 1.пб. На обуката персоналот демонстрираше висока професионалност и обученост. За сопругите на високите воени претставници беше организирана посета на Музејот на градот Кичево и познатото Кичевско Кале.
Посетата на единиците на 1.пбр претставува редовна активност, која се реализира врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана и Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во земјава.
ГЃ/ДЧ