Во периодот 21-25.01.2019 година, припадници на баталјонот на Воена полиција во соработка со припадници од Воената полиција од САД, во касарната „Илинден“ во Скопје, реализираа обука на тема „Биометрија и обработка на место на настан“.
Обуката беше реализирана од страна на припадници на Воената полиција на САД, а слушатели на истата, покрај припадниците на баталјонот на Воена полиција, беа и припадници од Ј-2/С-2 секциите од другите единици во АРМ. Покрај теоретскиот дел беше реализиран и практичен дел со вежба на која беа имплементирани научени вештини од обуката.
Меѓу останатите средства кои беа користени за време на обуката беше користен и уред за биометриска обработка на лица (SEEK II).
Стекнатите знаења и вештини успешно ќе бидат користени во извршувањето на операциите во подршка на мирот предводени од НАТО.
ВС/ЧС