Во касарната „НХ Мирче Ацев“ во Прилеп, во услови кога припадниците на Армијата се ангажирани на работни задачи во поддршка на персоналот на МВР во справување со пандемијата на корона вирусот, припадниците на Артилерискиот баталјон (артб), од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа, командантот на 1.пбр полковник Бесник Емини и командантите на потчинетите единици.
Во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата, потполковник Ѓорги Василевски се осврна на историјата на единицата, реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период.
Командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини им го честиташе Денот на единицата со желба за лично здравје на припадниците на артб и нивните фамилии со надеж дека за скоро време, артб и останатите единици од 1.пбр ќе продолжат со нормален тек на извршување на секојдневните обврски и задачи и истакна дека обврските на единицата согласно ново настаната ситуација продолжуваат .
На свеченоста по повод Денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата.