Во касарната „Чојлија“ припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата, со почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот ,,COVID-19.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1.пбр, бригаден генерал Бесник Емини, со началниците на секции од командата и штабот на 1.пбр, офицерот за АБХО од Командата за Операции и командантите на единиците од 1.пбр.
Командантот на 1.пбр, бригаден генерал Бесник Емини, во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата, се осврна на реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период.
Единицата е составена од високо обучен кадар, кој во секое време може да обезбеди нуклеарна, хемиска и биолошка заштита (НХБ), како на единиците на Армијата така и на цивилните структури во државата, која сега се покажува и на дело во справување со пандемијата со корона вирусот.
На свеченоста по повод денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата.