Делегација на Армијата на Република Македонија предводена од бригаден генерал Павле Арсоски. Присуствуваше на Денот за Високи гости на меѓународната вежба „Здружени воени игри“ YILDIZ-2016 во Истанбул Република Турција.
Вежбата која се изведуваше на 17 и 18.05.2016 година во Здружениот центар за борбени игри при Турскиот воен колеџ – Ататурк е компјутерска симулација на која слушателите на борбениот колеџ и командно штабната академија на Вооружените сили на Република Турција го проигруваат процесот на донесување на воени одлуки.
За време на престојот делегацијата на АРМ покрај бројните средби со високи воени претставници од ВС на Република Турција и делегациите кои присуствуваа на оваа активност, имаше можност да оствари средби и разговори со четирите припадници на АРМ кои се наоѓаат на стручно усовршување на овие високи воени школи.