На ден 19.02.2024 година во кампот „Villagio Italia“, во воената база на мисијата „КФОР“ во Пеќ, Косово со воена церемонија на припадниците на водот за обезбедување, од составот на Армијата на Република Северна Македонија, им беа доделени медали.
Водот за обезбедување беше упатен во мировната операција „КФОР“ во Косово, во состав на италијанскиот контингент, кој успешно и на високо ниво ја завршува својата задача во ротација август 2023 – февруари 2024 година.
ГЃ/СЛ