По повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за доделување на новогодишни пакетчиња.
Годинава во соработка со Општината Петровец беа обезбедени пакетчиња кои денеска беа поделени на ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид (ДУРДМОВ) „Димитар Влахов“ од страна на Командантот на воздухопловната бригада полковник Роберт Малезански и градоначалникот на општината Петровец г-дин Борче Митевски.
Во хуманитарната акција се вклучија сите припадници на воздухопловната бригада, како и дел од фирмите со кои активно соработува бригадата. Исто така планирана е донација на пакетчиња и на граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША Куманово, која ќе се реализира на ден 30.12.2016 година.
Посетата е дел од соработката која што ја има воздухопловната бригада со цивилните структури, а е со цел за продлабочување на соработката и доближување на воздухопловната бригада до граѓаните на Република Македонија, како и помош на најранливите категории.
Како благодарност за донацијата од страна на најмладите беше организирана претстава.