Денеска, 24.12.2013 година (Вторник) по повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за разубавување на празниците на одредена група на дечиња. Годинава во соработка со Општината Петровец беа обезбедени пакетчиња кои денеска беа поделени на дечињата од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид (ДУРДМОВ) „Димитар Влахов“ од страна на Командантот на воздухопловната бригада полковник Кире Колевски и градоначалникот на Општината Петровец г-дин Борче Митевски.
Во хуманитарната акција се вклучија сите припадници на воздухопловната бригада, како и дел од фирмите со кои активно соработува бригадатa.
Посетата и донацијата е дел од соработката која што ја има воздухопловната бригада со цивилните структури со цел продлабочување на соработката и доближување на воздухопловната бригада до граѓаните на Република Македонија, како и помош на најранливите категории на граѓани.
Како благодарност за донацијата од страна на најмладите беше организирана претстава.