Припадниците на македонскиот контингент во мисијата „Одлучна Поддршка“ со професионалното и посветено извршување на поставените задачи на најдобар можен начин продолжуваат со успех да ја претставуваат Армијата на Република Македонија.
По неодамнешното одликување на командирот на водот за заштита на силите oд македонскиот контингент, на ден 16.04.2015 година уште седум припадници на АРМ од составот на водот за заштита, добија монети „Commander’s award for excellence“ за одлично извршување на должноста.
Признанијата на припадниците на водот за заштита на силите ги врачија командантот и првиот наредник на командата на баталјонот за поддршка и обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, полковникот Пол Џонсон и главниот наредник Едвард Џексон.
Доделувањето на монетите е по повод претстојната смена на должноста командант на баталјонот за поддршка и обезбедување на главната команда на мисијата во чиј состав се македонските припадници од водот за заштита на силите.
Овој чин претставува признание за довербата и респектот кој припадниците на АРМ го имаат кај коалиционите партнери со кои заеднички и рамноправно ги извршуваат поставените задачи во мисијата „Одлучна Поддршка“.