Припадниците од 2.пешадиски баталјон (2.пб), кои се декларирана единица на Армијата како лесен пешадиски баталјон, со денешното постројување го започнуваат предизвикот за успешно совладување на предвидената обука со која треба да постигнат целосна подготвеност за оценување според највисоките НАТО стандарди во следната година. Обуката започнува со фазна реализација за поединец и нејзино завршување со цела единица.
Со претходно изведената обука на припадниците од првата и втората пешадиска чета од Лесниот пешадиски баталјон, на полигонот Пенуш во Штип и припадниците од третата пешадиска чета во текот на оваа седмица реализираа индивидуална обука, со што и официјално се извршија подготовки за реализација на колективната обука, која ќе следи во наредниот период.
Реализацијата на индивидуалната обука во теренски услови претставува одлична можност да се повторат веќе стекнатите знаења на индивидуални техники, а воедно новопримените припадници да се обучат во индивидуални техники и постапки за дејствување на бојното поле и достигнување на одредени стандарди.
Движење по азимут во непознато земјиште дење и ноќе, изработка на позиции за одбрана, индивидуални борбени техники во напад и одбрана дење и ноќе, совладување на терен при контакт беа дел од реализираните теми кои успешно беа совладани од страна на припадниците од пешадиските чети од состав на Лесниот пешадиски баталјон.
За време на реализација на обуката во обиколка на активностите беше и советникот за трансформација на Армијата од Вооружените сили на Обединетото Кралство, бригаден генерал Џон Баурон кој беше информиран од страна на командантот на 2.пб, потполковник Стојанче Костов за актуелната обука.
По завршената посета на обуката, бригадниот генерал Баурон, реализираше работен состанок со началникот на штаб, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и штабот од Командата за операции во Куманово.
ИН/ГЃ/ЧС