Во деновите 24 и 25.09.2019 година, во командата на воздухопловната бригада во Петровец, се реализираа експертски разговори од областа на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана помеѓу експертски тимови на Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Разговорите ги водеа командантот на воздухопловна бригада полковник Роберт Малезански и полковник Димитар Павлов, офицер за обука во авио базата во Крумово Р. Бугарија.
Во текот на истите, акцент се даде на заокружување на активностите предвидени во тековна 2019 година, како што е и обука на симулатори Ми-17/24 која моментално се реализира во Центарот за обука на пилоти и изработка на предлог план за меѓусебна соработка за 2020 година.
Како главни предизвици и активности се нагласени можностите за размена на искуства помеѓу техничкиот персонал на воздухопловите, организација на меѓу државни прелети со дополнителни заеднички обуки во територијата на земјата домаќин и размена на искуства и обука во полето на противвоздушната одбрана и воздушното набљудување и јавување.
ГИ/ЧС/БН