На 28-ми и 29ти Ноември 2013 година делегација од SEEBRIG (Југо Источна Европска бригада) предводена од командантот на SEEBRIG бригаден генерал Хакан Есер престојуваше во евалуациска посета на единиците од составот на ЗОК кои се декларирани во SEEBRIG и тоа на механизирана пешадиска чета од составот на 2 мпбр/1 мпбр и инженериски вод од инженерискиот баталјон/1.мпбр.
На почетокот делегацијата претстојуваше во Здружено Оперативната Команда „ЗОК“ во Куманово при што командантот на SEEBRIG бригаден генерал Хакан Есер оствари средба со командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, а делегацијата се запозна улогата, структурата и основните податоци за ЗОК, а потоа делегацијата изврши изврши евалуациска посета на декларираната механизирана пешадиска чета во касарната Јане Сандански во Штип каде од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски и персоналот од командата на баталјонот и декларираната чета беа запознати со составот и мисијата на 1.мпбр, а воедно на лице место се запознаа со активностите и опременоста на единицата при што од страна на декларираната чета беше изведена и методско показна вежба„ работа на контролна точка„ Делегацијата изрази задоволство и пофални зборови од виденото и се увери во високата борбена подготвеност на декларираната чета за извршување на задачите во бригадата на Југоисточна Европа.
Во текот на утрешниот ден 29 ти Ноември седумчлената делегација ќе изврши евалуациска посета и на декларираниот инженериски вод од составот на инженерискиот баталјон во касарната Илинден во Скопје, а исто така ќе се сретне и со Началникот на ГШ на АРМ генерал потолковник Горанчо Котески.