Согласно програмата за одбележување на 20-ти мај – Ден на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), на ден 07.05.2015 година на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одржаа финални спортски натпревари.
Припадниците од командата и потчинетите единици од брЛП имаа можност да ги покажат своите спортски и натпреварувачки способности во дисциплините: кошарка, мал фудбал, пинг-понг и шах.
На денешните натпревари припадниците на брЛп со своето учество ја потврдуваат улогата која спортот ја има во армијата, преку која го развиваат натпреварувачки дух и чувството за колективност и колегијалност како една од вредностите неопходни за успешно извршување на задачите во војничката професија.
На натпреварите првите места ги освоија следните екипи:
- Мал фудбал – 2. логистички баталјон;
- Кошарка – Центар за снабдување и транспорт;
- Пинг-понг – Воено-медициски центар и
- Шах – 2. логистички баталјон.
На кои екипи ќе им бидат доделени признанија на воената свеченост по повод Денот на единицата.