Во период од 7 до 11.05.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Македонски Блесок-14“, како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира на средина на месец октомври на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“.
По воведниот и поздравниот збор од страна на директорот на вежбата потполковникот Игор Манасовски, офицерот со примарна одговорност на вежбата мајорот Виктор Еркиќ ги структурираше обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот од раководството кон исполнување на доделените задачи.
Во текот на петдневната работа на конференцијата реализирани се следните активности:
- Финализирање на EXPLAN и негово одобрување;
- Развивање на останатите модули од сценариото;
- Изработка на: листа на персонал (EXCON, EXCEN, HICON и единицит, план за врски, програма за Денот на високи гости);
- Потврдување на реалната логистичка поддршка;
- Финализирање на документите за заштита на силите.
За време на ГПК беше реализирана посета од страна на НАТО советодавниот тим од Командата на здружени сили во Неапол составен од трочлена екипа (претставници од Франција, Италија и Србија), при што беа потпишани финалните документи за реализација на НАТО оценувањето помеѓу раководството на вежбата и НАТО советодавниот тим и беше реализирана обиколка на местата каде ќе се реализира вежбата.
Во текот на конференцијата беше реализирана и посета од страна на началникот на штаб на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Азим Нуредин. Исто така беа презентирани и неопходните брифинзи за успешна подготовка на претстојните активности како: безбедносен брифинг, брифинг за спецификација и планот за вежбата, сценарио на вежбата, структура и статус на единиците, како и главната листа на настани и инциденти (ГЛН/ГЛИ).
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на главната планирачка конференцијата претставуваат добра основа за понатамошни подготовки и работа до почетокот на наредната фаза од процесот на планирањето и успешното реализирање на Финалната планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-14“.
Планирачкиот процес продолжува на средината на месец јуни со работилница за финални документи за МБ-14 која ќе се реализира во периодот од 18-22.06.2018 година.