Во периодот од 05. до 07.06.2019 година во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се реализира Иницијална планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Национален одговор 19“. ИПК ја предводеше Директорот на вежбата, полковник Жикица Јовановски од Здружената оперативна команда, со учество на претставници од единиците на Армијата.
На ИПК за вежбата „Национален одговор 19“, покрај претставници од Армијата, свое учество, презентации и излагања имаа и претставници од други институции: Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст. Во оваа фаза се изработија потребни иницијални документи за ревидирање на вежбата, план за вежбата, листа на главни инциденти, проработка на закони и правила, како и организацијата на логистичката поддршка.
Претстојната вежба „Национален одговор 19“ е планирана да се одржи во касарната „Јане Сандански“ и во поширокиот реон на градот Штип во месец септември 2019 година. Нејзина цел е успешна реализација и координација во работата на повеќето субјекти при справување со елементарни непогоди од широки размери. На вежбата свое учество, покрај горенаведените субјекти, ќе земат и локална самоуправа, противпожарни екипи, медицински екипи и јавни претпријатија од регионот.
СИ/ЖЈ/ЧС