Во текот на 29 и 30 август во Здружената Оперативна Команда (ЗОК), 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Командата на Резервни сили престојува четиричлен инспекциски тим во врска со инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“.
Инспекцискиот тим е составен од припадници на Вооружените Сили на Големото Војводство Луксембург, Република Италија и Црна Гора, придружувани од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при министерство за одбрана на Република Македонија.
Во текот на престојот тимот ги обиколи командата на ЗОК и Командата на Резервни сили во гарнизонот Куманово, по што следуваа командите на првата механизирана пешадиска бригада и воздухопловната бригада во гарнизонот Петровец. Наредниот ден обиколката продолжи во бригада за логистичка поддршка во гарнизон Скопје.
Од страна на клучниот персонал во ЗОК и командите на првопотчинетите единици, инспекцискиот тим е запознаен со историјата на единиците, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема и останати активности кои се однесуваат на одредбите од „Виенскиот документ 2011“.
ЧС/НЈ/ОЈ