Во изминатиот период припадниците од инженерискиот баталјон (инжб) од составот на прва пешадиска бригада (1.пбр), заедно со инженериски единици од Командата на Вооружените сили на САД за Европа и Африка, извршуваат поголем број на инженериски активности во склоп на меѓународната вежба „Resolute Castle-24“.
Како дел од активностите на вежбата, припадниците од инжб заедно со останатите учесници надоградија и обновија дел од веќе постоечките капацитети на армискиот полигон „Криволак“, но и ги зголемија капацитетите со нови елементи. Со ова се зголеми понудата и функционалноста на полигонот за реализација на различни видови на вежбовни активности.
Инженерискиот баталјон во координација со останатите учесници учествуваше во изградба на подлога за перење на возила, плато за стерилизирање со капацитет од еден баталјон, го модернизираше магацинот за складирање на мети и полнење на батерии, ја надогради и ја корегираше постоечката полетно слетна патека, изврши санација на патната инфраструктура на полигонот и учествуваше во други активности од вежбата.
Со реализацијата на овие задачи за време на вежбата „Resolute Castle-24“ е постигната и основната цел на припадниците од инжб, преку размена на знаења и искуства да ја подобрат својата обученост и да постигнат интероперабилност со сојузниците во извршување на ваков вид на инженериски активности.
ГЃ/СН