Во период од 26.05.2014 година до 30.05.2014 година во реонот на “Калин Камен” во Крива Паланка припадниците на оклопно извидувачкиот вод од 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) и шест припадници од инжинериски баталјон од прва механизирана пешадиска бригада реализираа обука “Исхрана во природа”.
Целта на ваква специјалистичка обуката е обучување и оспособување за изработка на објекти за сместување, изведување и извршување на задачи во планински услови, препознавање и селектирање на продукти од природата, како и подготовка на храна во природа со обезбедени намирници.
Во успешноста и нивната снаодливост во планински услови, изолирани од најблиското населено место во посветеноста во извршувањето на задачите и во нивните вештини се увери и инспекторски тим од МО на РМ, кои на ден 27.05.2014 година придружувани од командантот на 1.мпб извршија обиколка на изведувањето на обуката.
За успешно соочување со предизвиците кои со себе ги носи планината под Осоговието пред се потребно е да се биде психофизички подготвен, како и познавање на можностите за користење на природните ресурси со кои располага реонот каде беа стационирани.
Хранејќи се од собираните растителни плодови кои ги приготвуваа во импровизирана кујна припадниците оклопно извидувачкиот вод од 1.мпб и оваа година успешно ја реализираа планираната обука.