Командантот на Здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсоски оствари средба со штабните офицери кои заминуваат во Командата за обука, асистенција и советување – Север (КОСА-С) во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан.
За време на средбата, генералот Арсоски им порача дека од нив се очекува достојно и професионално извршување на задачите со што би го задржале и унапредиле нивото на нивните претходници и ќе придонесат за афирмацијата на Армијата.
На штабните офицери во изминатиот период им претходеше предупатна стручна подготовка за активностите со кои ќе се соочат во следните шест месеци на должностите во рамките на Командата за обука, асистенција и советување – Север (КОСА-С).
ЧС/БН