Денес 5. мај 2015 година, во рамки на планираните активности за одбележување на 20 мај Денот на бригадата за Логистичка поддршка (брЛп), во кујната на касарната Гоце Делчев се спроведе натпревар за избор на најдобар готвач.
Во изборот за најдобар готвач учествуваа припадници од 1. 2. и 3. логистички баталјон (логбн), кои во тек на натпреварот ги покажаа своите готвачки способности при подготовка на оброци од риба, месо и прилози од зеленчук.
Натпреварот го следеше и оценуваше комисија од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) и брЛп. Покрај своите готвачки вештини учесниците на натпреварот за време на подготовката на оброците одговараа и на прашања за количина, видови прилози на главните јадења согласно рецептурата за подготовка на војнички оброци.
Членовите на комисијата по завршувањето на оброците, имаа можност да ги дегустираат, оценат квалитетот и начинот на декорација на истите и преку гласање да го изберат најдобриот готвач во брЛП.
Цел на денешниот натпреварот е размена на искуства и правилна имплементација на актуелните упатства од новиот правилник за исхрана кој е од клучно значење за припадниците на армијата, без разлика на условите и околностите во кои се наоѓаат.
Од квалитетната конкуренција комисијата за најдобар готвач го прогласи десетарот Горан Димовски од составот на 1. логистички баталјон.