Во период од 12.05 до 14.05.2014 година припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада реализираа ситуационо-тактички вежби (СТВ) со теми од мировни операции.
Вежбите кои беа реализирани на полигонот за обука во касарната “Н. Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово и на полигоните за обука во зоната на одговорност на 3.мпб, опфатија веќе подготвени реалистични сценарија во кои припадниците на 3.мпб решаваа задачи за обезбедување на база, воспоставување на контролна точка, спроведување на патрола, обезбедување на конвој, реакција на импровизирани експлозивни направи и друго.
Со реализацијата на СТВ, припадниците на 3.мпб ја потврдија подготвеноста за справување со предизвиците кои ги налага современиот начин на војување и покажаа дека се подготвени да се носат рамо до рамо со армиите на земјите членки на НАТО алијансата.