Со воена свеченост во касарната „Илинден“ – Скопје беше одбележан „27 ноември – Ден на извидувачко-разузнавачкиот баталјон (ИРб)“ од составот на Командата за операции (КО).
На церемонијата пред присутните се обратија командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на баталјонот, потполковник Зоран Цветковски.
Генералот Ѓоргоски истакна дека припадниците на Извидувачко- разузнавачкиот баталјон се горди наследници на генерации ренџери, продолжувајќи ја традицијата и култот на единицата од нејзиното формирање – водени со мотивот да се биде чекор понапред.
Командантот на единицата, потполковникот Цветковски истакна дека баталјонот денеска е современа и високо обучена, флексибилна единица, која е опремена и оспособена да извршува задачи во средини со низок и висок ризик.
На денешната свеченост беа прочитани честитки за денот на единицата, како и наредби за стимулативни мерки.
На свеченоста присуствуваа: командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, командантот на Логистичка база, полковник Мухарем Мухареми, државниот советник во МО, бригаден генерал Бесник Емини, команданти на единици во Армијата, поранешни команданти и припадници на единицата и други гости.
По повод Денот на единицата, припадниците на ИРб реализираа хуманитарна акција и донираа храна во хуманитарната организација „Свети Спас“. Дополнително беше организирана и крводарителска акција во соработка со ГОБ „8 Септември“, на која се собраа 24 единици крв.








