Како дел од подготовките за реализација на вежбата „Immediate Response 23“, во периодот од 28.02. до 03.03.2023 година се реализира извидување на капацитетите и инфраструктурата за сместување, работа и обука во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и АП „Криволак“, од страна на тим од ВС на САД, Република Албанија, Република Косово и Црна Гора.
За време на активноста беа реализирани неколку извидувања на сместувачките капацитети и терените за реализација на обуката и вежбите на АП „Криволак“, со цел поблиско запознавање на претставниците на армиите на САД, Република Албанија, Република Косово и Црна Гора со капацитетите и можностите на АП „Криволак“. Исто така, беа презентирани и неопходните брифинзи за успешна подготовка на претстојните активности.
ЧС