Денес во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одбележа јубилеј 25 години оперативност на Сквадрон за транспортни хеликоптери (стх).
На свеченоста присуствуваа командантот на воздухопловната бригада (вбр), полковник Роберт Малезански, заменик командантот потполковник, Стојко Пејоски, началниците на секциите, команданти и командири на потчинетите единици на вбр.
Свеченоста ја отвори командантот на стх, потполковник Игорчо Стојменовски кој истакна стх е нераскинлив дел на воздухопловната бригада.
Командантот на вбр пред присутните истакна „Ретки се случаите средства во Армијата успешно да се оддржуваат функционални 25 години, а ние можеби сме и единствените кои успеавме да одржуваме оперативно средство (Хеликоптер Ми-17) за извршување на клучни активности и задачи за Армијата“.
За младите колеги беше чест да се видат и да се запознаат со историската посада во состав: мајор. Горан Здравковски, капетан прва класа Моме Стојановски и постар водник прва класа Зоран Маљцев, кои на денешен ден пред 25 години во 18:00 часот ја имале честа први да полетат на хеликоптерот Ми-17 сопственост на Армијата.
Свеченоста заврши со заедничка фотографија на првата посада пред првиот транспортен хеликоптер на Армијата.
ГИ/ОЈ