Согласно Годишниот план за работа за 2023 година, старешините од Командата за операции (КО), и командантите на ППЕ на КО, на ден 30.06.2023 година, реализираа заедничка практична форма на обука на извидување на просторот. Командата и штабот на КО ја предводеше командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.
Целта на оваа активност беше да се извиди просторот во источниот дел на државата во реоните: Куманово, Пониква, Чавка и Богданци и да се согледаат неговите воено-географски карактеристики, тактички услови како и просторните ограничувања кои влијаат на проценката и организација на борбени дејства.
На практичната работа по работните точки, началниците на секциите од КО ги брифираа учесниците за разузнувачка подготовка, географската и тактичка ориентација на теренот, можностите за тактичко ангажирање на единици за изведување на борбени дејства, организацијата на логистичкото обезбедување, остварување на цивилно-воената соработка и организација на врските.
Ваков вид на форма на практична обука редовно се изведува во Командата за операции и потчинетите единиците, со цел запознавање на теренот со стратегиско-тактичките правци на територијата на Република Северна Македонија и обука и надградба на клучниот персонал.
ЧС