Во период од 13-14 Мај 2014 година во Потсдам СР Германија командантот на Здружената Оперативна Команда генерал мајор Методија Величковски учествуваше на конференцијата на командантите и директорите на здружените оперативни команди од земјите кои партиципираат во Северната команда на мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан.
За време на конференцијата која се одржува под мотото: „Работиме заедно за иднината на Авганистан“ од страна на домаќинот, командантот на Оперативната Команда на Бундесверот генерал потполковник Ханс Вернер Фриц, учесниците беа информирани за понатамошните планови за прераспоредување на силите во северната команда во тековната мисија „ИСАФ“, како и со планираните активности во 2015 година за мисијата „Одлучна поддршка “.
На конференцијата беа презентирани проценките на сигурносната ситуација во Авганистан и понатамошното планирање и потреби на операциите при што е истакнато дека успехот на мисијата зависи од избалансиран придонес на земјите кои партиципираат во мисијата, како и редовна координација во понатамошните акции.
На крајот од конференцијата е заклучено дека заедничка цел и основа за понатамошното планирање е поддршката и оспособување на авганистанските безбедносни сили за превземање на целокупната одговорност , а сојузниците би имале советодавна улога.