Во пресрет на денот кога се одбележува “Националниот ден на служба и сеќавање“ во организација на Амбасадата на САД во Р. Македонија, а во соработка со Црвениот крст на Р. Македонија и Институтот за трансфузиологија, во просториите на Амбасадата на САД, на ден 18.09.2018 година, се реализираше крводарителна акција.
На вакви крводарителни акции, баталјонот на Воена полиција, учествува повеќе пати во текот на годината а неговите припадници, покрај своите секојдневни работни обврски и овој пат ја покажаа својата хумана страна и несебично даруваа 16 единици крв.
Персоналот од трансфузиологија не го криеше своето задоволство и благодарност од соработката со припадниците на баталјонот на Воена полиција за даруваните единици крв и најавија повторна соработка.
Bо иднина припадниците на баталјонот на Воена полиција, со сигурност остануваат верни на традицијата, покажувајќи ја својата хуманост.
ДГ/МЈ/БН/ОЈ