По повод ,,27-ми Август“ денот на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) , денес во касарната „НХ Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово се реализираше крводарителна акција.
Крводарителната акција беше во организација на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје во соработка со Црвениот Крст. Во акцијата учество зедоа вкупно 28 припадници на 3.мпб и останатите единици на Армијата од гарнизонот Тетово.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст уште еднаш ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата oд Гарнизон Тетово и не го криеја задоволството од подарените 28 крвни единици.
ГЃ/ЧС/НЈ