Денес во времето од 09.00 до 13.00 часот, во рамките на одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализираше крводарителна акција.
Крводарителната акција беше во организација на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, во соработка со Црвениот Крст. Во акцијата учество зедоа вкупно 67 припадници од единиците лоцирани во гарнизонот Петровец.
Шестчлената екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ја искажаа својата благодарност кон персоналот на 1.механизирана пешадиска бригада и не го криеја задоволството од подарените 67 крвни единици.
Вакви крводарителни акции, во гарнизонот Петровец се одржуваат повеќе пати во годината, во рамките на одбележувањето на деновите на единиците лоцирани во гарнизонот.