Согласно годишниот план за крводарителни акции на Армијата, припадниците од Извидувачко разузнавачкиот баталјон (ИРб) и баталјонот на Воена полиција, и покрај сите планирани активности и вежби во единиците својата хуманост ја покажаа на дело и даруваа крв во Градската општа болница (ГОБ) 8 Септември, Скопје. При тоа беа собрани 17 крвни единици.
За досегашната соработка, на припадниците од ИРб, лично им се заблагодари и директорот на болницата доктор Синиша Стојановски кој истакна дека соработката на ГОБ со Армијата никогаш нема да престане. За таа цел припадниците од ИРБ на директорот на болницата му подарија маица со лого на единицата.