Во пресрет на одбележувањето на 26. февруари – денот на баталјонот за борбено сервисна поддршка (бБСП) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) и Патронатот на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија, се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Припадниците на Армијата ја покажаа и потврдија својата хуманост доброволно дарувајќи 78 (седумдесет и осум) крвни единици. Хуманоста е одлика на секој припадник на Армијата, која постојано придонесува за спасување на многу човечки животи.
ГЃ/СН