Припадниците на Здружената оперативна Команда (ЗОК) во пресрет на одбележувањето на денот на единицата спроведоа крводарителска и хуманитарна акција за донирање на облека и обувки.
Согласно програмата за одбележување на денот на ЗОК, денес 13.10.2014 година на организацијата на Црвен Крст во Kуманово и се предадени десетина пакети со облека и обувки наменети за ранливите категории на граѓани.
Претходно, на ден 09.10.2014 година во касарната „Боро Менков“ во Куманово се спроведе и крводарителска акција, при што се собраа 40 крвни единици од припадници од ЗОК и единиците кои се лоцирани во касарната.
Крводарителската и акцијата на дарување облека и обувки се активности со кои припадниците на Армијата на Република Македонија, искажувајќи ја својата хуманост кон граѓаните на Република Македонија на кои ваква помош им е најпотребна, му дадоа хуманитарен аспект на претстојниот празник.
Покрај спортските и хуманитарни активности по повод празнувањето на денот на ЗОК, во соработка со основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово се спроведува и конкурс за најдобри литературни и ликовни творби по повод 136 години од Кресненското востание, кои ќе бидат претставени на свеченоста во ЗОК која ќе се одржи на ден 17.10.2014 година.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија согласно традициите на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата на Република Македонија, за ден на Здружената Оперативна Команда е определен 17.октомври, во спомен на одбележување на денот на формирање на штабот на кресненското востание во 1878 година.