Во периодот од 13.01-31.01.2020 година, во Центарот за обука ,,Пепелиште“ ќе се реализира прв дел од обуката „Лидерски курс за водачи на тимови и одделенија“ со мобилни тимови за обука (МТО) од Обединетото Кралство.
На свеченото отворање на обуката присуствуваа началникот на штаб во Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, бригаден генерал Хју Лојд-Џонс, британскиот советник во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, координаторот на активноста од ГШ на Армијата, полковник Зоран Додевски и командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини.
Пред стројот на учесниците на курсот за значењето и целта на истиот се обратија бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, полковникот Зоран Додевски и бригадниот генерал Хју Лојд Џонс.
Цел на активноста е да се обучат припадниците на лесната пешадиска баталјонска група (лпбг) за водење на тактички единици на рамниште на тим и одделение, како и да се обучат инструктори од Армијата во тактиките, техниките и процедурите за водење на лесни пешадиски операции по НАТО стандарди. Курсот ќе го спроведат и реализираат инструкторите од Армијата на Обединетото Кралство со помош на инструктори од нашата Армија.
По завршување на активноста присутните беа во обиколка на персоналот кој започна со обука и тоа со првиот тест за психофизичката подготвеност на персоналот, како битен елемент во реализација на обуката и задачите.
Во наредниот период е планиран и втор дел на обуката „Обука за инструктори“ кои по завршување на активноста ќе се користат за обучување на персоналот од лпбг согласно стандардите за лесни пешадиски единици на НАТО.
ЧС/МЃ