Во период од 14 до 22.07.2018 година во с. Скребатно, Охридско, припадниците од потчинетите единици на Здружената оперативна команда реализираа логистичка поддршка на „12-та Извидничка смотра“ на која учествуваа 1200 извидници од 17 држави од Европа и САД.
На ден 15.07.2018 година свечено беше отворена „12-та Извидничка смотра” од страна на Покровителот на смотрата – Претседателот на Р. Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов, во присуство на Амбасадорот на САД во Р. Македонија, г-дин Џес Бејли и претставници од АРМ, локалната самоуправа, невладини организации и други здруженија. Извидувачка смотра како манифестација се одржува веќе 65 години почнувајќи од 1953 година, на секои 5 години.
За времетраењето на активноста со 65 припадници на АРМ, повеќе од 15 теренски возила, потребни МТС за подготовка на храна, АРМ изврши логистичка поддршка на активноста и учесниците – извидници, и заедно со припадниците на АРМ заеднички реализираа: нуркање, искачување, ориентација во просторот и други активности.
Со реализацијата на логистичката поддршка АРМ уште еднаш ја потврди својата посветеност кон општеството и ја демонстрираше својата подготвеност за поддршка на цивилните структури во сите прилики.
На смотрата се потврди заедничкото делување на воениот и цивилниот персонал, при делување во природни услови, исполнето со меѓусебно дружење, натпреварувачкиот дух и стекнувањето на нови вештини.
ЗВ/ЛС/ЧС/БН