На ден 12.07.2014 година во село Србјани во околината на општина Кичево од страна на 2. логистички баталјон (2.логб), од бригадата за логистичка поддршка уште еднаш се пружи логистичка поддршка на културна манифестација организирана од страна на невладини организации и здруженија.
Овојпат припадниците од 2.логб со подготовка, транспорт и поделба на храна за 300 лица дадоа голем придонес во реализација на манифестацијата по повод верскиот празник „Петровден“.
Храната се подготвуваше со војничка подвижна кујна, во непосредна близина на манифестацијата која се оддржуваше во црквата свети Апостоли Петар и Павле.
На овој начин единиците и припадниците на Армијата на Република Македонија во рамките на цивилно воената соработка секогаш излегуваат во пресрет на манифестации каде учествува населението.