Денес во Командата за операции се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Командата за операции (КО) за статусот на борбената готовност за месец октомври 2019 година.
Командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите и задачите и активностите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз борбената готовност на единиците.
На реферирањето, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштитата на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите, буџетирањето и цивилно – воената соработка.
Од страна на командантите на првопотчинетите единици беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката како и условите за живот и работа.
Во текот на месечното реферирање командантот на КО истакна дека во тек е трансформацијата во Армијата, процес кој ни претстои и ќе трае во наредните десет години.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека со максимално ангажирање на персоналот од КО и потчинетите единици, степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец ноември 2019 година.
БН