На ден 30.05.2017 година во гарнизон Тетово беше реализиран редовниот месечен брифинг на командантите на првопотчинетите единици од 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
На месечниот брифинг учествуваа заменикот на командантот на 1.мпбр, полковник Марјан Симоновски, началниците на секциите од штабот на 1.мпбр, командантите на потчинетите единици и командирите на приштабските единици на 1.мпбр.
По завршување на месечниот брифинг, за сите учесници на месечниот состанок, во кругот на касарна „Народен Херој Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, припадниците на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) и противпожарната единица од градот Тетово реализираа методско показна вежба (МПВ) на тема: „Постапки на дежурните органи при појава на пожар во објекти на АРМ“. На оваа вежба припадниците на 3.мпб прикажаа врвна обученост и содејство со противпожарната единица од градот Тетово. На крајот на МПВ, полковникот Марјан Симоновски им се заблагодари на припадниците на противпожарната единица од градот Тетово за учеството во МПВ и изрази надеж дека ќе продолжи високата соработка на противпожарната единица од Тетово и гарнизонот Тетово, соработка која трае со години наназад.
Припадниците на оваа противпожарна единица од Тетово и припадниците на 3.мпб, во 2012 година, во околината на Тетово, изведоа и заедничка вежба за справување со пожар на отворен простор.