Во период од 23-30 ноември 2015 година, на Армискиот полигон Криволак како завршен дел од обуката на новопоставениот персонал во тенковскиот баталјон (тб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) извршено е “Бојно гаѓање со посада на тенк во напад”.
Со оваа активност се заврши процесот на борбената обука на сите новопоставени припадници во тенковскиот баталјон, која траеше интензивно во текот на годината.
Гаѓањето се реализира од страна на посадите на тенкот Т-72 со целокупното вооружување. Гаѓањето започнува со подготовки и издавање на заповед за напад во очекувачкиот реон, движење на тенкот до напад, по воочувањето на целта се дејствува со топ 125 мм, а потоа со против авионски митралез (ПАМ). На крајот следи фронтално развивање на посадата од тенкот и дејствување со личното вооружување по останатите цели.
За реализација на вакво комплексно гаѓање потребно е висок професионализам, увежбаност и добра координација на посадата, таква каква што покажаа припадниците од тенковскиот баталјон за време на реализација на гаѓањето.